Крим ја доби првата транша од руската финансиска помош, изјавил вицепремиерот на Крим, Рустам Темиргалиев, пренесе „РИА Новости“.
Според него, Киев престанал со финансирањето на безбедносните служби, поради што Крим има голема потреба од оваа помош.
„Уште од втората половина на мај – јуни, кога ќе почнеме да работиме во нови услови, кога ќе се достапни првите даночни приходи, ние ќе можеме да ја намалиме потребата од таквата поддршка“, рекол вицепремиерот на Крим.