Врховниот совет на Крим го одобри нацрт Уставот со кој што се прогласува еднострана независност од Украина и дел од Русија.
Новиот Устав едногласно беше усвоен во петокот, а во него се наоѓаат и одредени измени кои дозволуваат координација меѓу регионалните и федералните власти.
Според новиот Устав, новото име на Крим усвоено е како Република Крим, а граѓаните на Крим се дефинирани како дел од мултинационалната Руска Федерација.
Секој нелегален обид да се дојде до власт ќе се смета за злосторство, а извршителите ќе бидат казнети во согласност од руските закони.
По политичката криза во Украина, која што резултираше со исклучување на поранешниот претседател Виктор Јанукович, Крим во март одржа референдум за самоопределување.