Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: 

Со СДС Македонија назадува на Извештајот на Фридом хаус. Државата е оквалификувана како цикличен хибрид.

Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија.

Корупцијата е главен проблем во државата и претставува главен проблем, како на домашната јавност така и на меѓународната заедница е нотирано вo Извештајот. Како пример се наведува црната листа на САД, на која се најдоа политичари од власта.

Измените на КЗ кои како ВМРО-ДПМНЕ ги критикувавме исто така се посочени како негативен пример.

Правосудниот систем, за чија контаминираност одамна зборуваме е исто така мета на критика на Фридом хаус, кој забележува дека судството не може да се спротивстави на политичкиот притисок на власта.

Со СДС Македонија 7 години назадува. Време е да се запре пропаста. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда. Народот ќе си ја врати државата.