Криминалот на Заев се интернационализира, сега во друштво на екс-премиерот на Малта, Мускат и либискиот офшор тајкун, Али Гафур, посочува во својот неделна статус на социјалните мрежи, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
-Криминалот на Заев се интернационализира, сега во друштво на екс-премиерот на Малта, Мускат и либискиот офшор тајкун, Али Гафур.
Либискиот тајкун има проверен рецепт од Малта. Наоѓа подмитлива власт, инвестира во партнерство со државата во болници, ги “испумпува” во странство државните пари што ќе ги добие, и ја банкотира фирмата во која првично се инвестирало. Тоа Малта ја чини 51 милион евра.
Од Владата сеуште кријат дали Заев се видел со Али Гафур како што тврдат албанските медиуми, и што се разговарало на средбата? Се разбира веќе е познато дека Заеви се живо заинтересирани за бизнис во здравството, слично како и во плантажите за марихуана.
Дали молкот значи и одобрување? Секој ден нов скандал поголем од претходниот, стои во неговиот пост на Фејсбук.