![chris-cornell-dead](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/chris-cornell-dead.jpg?resize=670%2C377&ssl=1)
Пејачот на Soundgarden, Крис Корнел, извршил самоубиство со бесење, соопштија од одделот за судска медицина на округот Вејн.
Педесет и двегодишниот Крис Корнел беше пронајден мртов во тоалетот на хотелскиот апартман во Детроит во средата вечерта по концертот кој го одржа со својот бенд.
„Утврдено е дека извршил самоубиство со бесење. Извештајот од обдукцијата уште не е целосно довршен“, се наведува во соопштението на одделот за судска медицина по првичниот обдукциски наод.
Издавачот на пејачот, Брајан Бамбери изјави дека смртта на Корнел била „ненадејна и неочекувана“.
Портпаролот на полицијата во Детроит, Дан Донаковски, изјави дека полицијата во хотелот во кој отседнал Корнел околу полноќ ја повикал пријател на музичарот кој го пронашол како „лежи во бањата и не дава знаци на живот“.
Корнел, пејач на бендовите Soundgarden и Audioslave, во средата на Twitter напиша: „#Детроит конечно повторно во градот на Рокот!!!! @soundgarden“.
„Најмногу се веселам, бидејќи постојано сум турнеја, особено последните неколку години – на дружењето. Тоа ни недостасуваше кога не бевме дел од бендот“, напиша Корнел претходно во вторникот на Facebook. Бендот во моментов беше на турнеја по Соединетите држави.
Soundgarden беше еден од водечките гранџ бендови во 1980-те и 1990те. Нивните албуми „Badmotorfinger„ и „Superunknown“ беа наградени со престижните музички награди Геми, што на групата ѝ донесе успех на мејнстрим музичката сцена.
Корнел во интервјуата отворено зборуваше со проблемите со дрогите во својата тинејџерска доба, а после и со алкохолот. Но во 2007 година изјави дека не пие од 2002 година откако бил на третман за одвикнување. Зборуваше и за периодите во кој пател од депресија и агорафобија.
Гитаристот на легендарните Led Zeppelin, Џими Пејџ, во четвртокот на Twitter а Корнел напиша: „Неверојатно талентиран, неверојатно млад, неверојатно ќе ни недостига“.
Пејачот на Kiss, Пол Стенли, на социјалната мрежа напиша дека е „шокиран од веста за смртта на Крис Корлем“, додека Џо Пери од Aerosmith за неговата смрт рече дека е „тажна загуба на голем светски талент“.
Бендот Soundgarden се распадна во 1997 година, а Корнел во 2001 година им се приклучи на членовите на групата Rage Against The Machine и ја основаше Audioslave, која се прослави со истоимениот албум. Soundgarden повторно се собраа во 2010 година, а во април годинава тргнаа на турнеја по САД.
Крис Корнел оствари и значајна самостојна кариера како пејач, гитарист, композитор и текстописец, а три децении работеше и со многубројни други музичари.