Кристал Палас бара 80 милиони евра за младиот Ван-Бисака

Англискиот фудбалски премеирлигаш Кристал Палас истакна отштета во износ од 80 милиони евра за бекот на репрезентацијата до 21 година, Арон Ван-Бисака.

За 21-годишниот фудбалер, најголем интерес досега покажа Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ за Ван-Бисака понудија 50 милиони евра, но на „Селхарст Парк“ воопшто не обратија внимание на оваа понуда.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, влезе во проект да создаде млада екипа и бекот на Кристал Палас е високо на неговиот список од желби.

„Јунајтед е голем клуб, ова е можност која се пружа еднаш во животот“, порача момчето од Кројдон кој започна како напаѓач, потоа се пресели на крилната позиција, а заврши во последниот одбранбен ред.

Доколку се оствари овој трансфер, Арон Ван-Висека, ќе стане најскапиот анлгиски фудбалер. Интересно е што и во моментов рекордот го држи еден бек. Трансферот на Кајл Вокер од Тотенхем во Манчестер Сити во 2017 година изнесуваше околу 60 милиони евра.