Кристен Стјуарт ќе ја толкува улогата на Коко Шанел

Кристен Стјуарт ќе ја толкува улогата на Коко Шанел во филмскиот проект на модниот дизајнер чијшто потпис во моментов стои зад креациите на познатата модна куќа, Карл Лагерфилд.

Било кој што сака да се вклучи во некој креативен потфат на Карл Лагерфилд, мора да биде екстремно талентиран. За еден таков монументален потфат беше избрана ѕвездата на филмската сага „Самрак“, Кристен Стјуарт.

Кристен Стјуарт ќе ја толкува улогата на Коко Шанел
Кристен Стјуарт ќе ја толкува улогата на Коко Шанел

Како што пишува „Холивуд рипортер“, Кристен Стјуарт ќе учествува во последниот проект на Лагерфилд: краток филм за Коко Шанел. Имено, актерката ќе ја толкува улогата на актерката што ја толкувала улогата на славната Коко Шанел.

Филмот треба премиерно да биде прикажан на шоуто Metiers d’Arts во Рим на 1-ви декември.

Според најавите филмот ќе биде „измислена приказна, сконцентрирана на изгледот зад сцената, но сепак биографска за основачката Габриел (Коко) Шанел”.  Стјуарт во филмот ќе ја толкува улогата на младата Коко Шанел заедно со актерката Џералдин Чаплин, која исто претходно ја има толкувано улогата на основачката на модната куќа во претходниот биографски филм.