![3530376-886038268](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/3530376-886038268.jpg?resize=670%2C454&ssl=1)
Шведскиот премиер Илф Кристерсон изјави во петокот дека неговиот унгарски колега Виктор Орбан го уверил дека Будимпешта нема да гго одложи пристапувањето на скандинавската земја во Северноатлантскиот воен сојуз, по извештаите од четвртокот дека унгарскиот парламент ја одложил на неодредено време седницата за ратификација на членството на Шведска.
Шведска, заедно со Финска, минатата пролет поднесоа заедничко барање за членство во НАТО. Двете соседни нордиски земји во соседството на Русија симболично се надеваа на истовремено прустапување, но тврдиот став на Турција и одолговлекувањето на Унгарија придонесоа Финска да стане членка на Алијансата кон крајот на март годинава, додека Шведска сѐ уште се надева дека тоа ќе стане веќе на самитот во Вилнус на 11-ти и 12-ти јули.
Меѓута, во четвртокот пратеничката на унгарската опозицска партија Демократска коалиција, Агнес Вадаи за Reuters информирала дека пратениците на владејчката партија Фидес и на демохристијанските партии на седница на парламентарната комисија не го поддржале предлогот тоа прашање да биде ставено на дневниот ред на пленарната седница на парламентот кои се одржува следната седмица.
„Разговара со (унгарскиот премиер) Виктор Орбан вчера и тој многу јасно потврди дека тоа што ми го рече минатиот пат и натаму важи. Унгарија нема на ниеден начин да го одложи процесот на ратификација“, изјави во петокот шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Кристерсон не прецизирал дали ветувањето на Орбан имплицира дека гласањето во парламентот би можело да се одржи пред самитот на НАТО во Вилнус.
Процесот на ратификација во парламентот на Унгарија е од јули минатата година, но дури во феавруари првпат премиерот Виктор Орбан изрази загриженост од тежнењата особено на Шведска за влез во НАТО. Будимпешта им забележува со години на Стокхолм и Хелсинки за непријателсто, кочење и клеветење за ситауцијата со демократијата и владеењето на правото во Унгарија. Сепак, кон крајот на март, унгарските пратеници го одобрија придружувањето на Финска.
Запрашан за протестите протестите во повеќе земји, вклучително и протестите во четвртокот пред шведската амбсада во Багдад откако шведските судови и полицијата дозволи настан на кој на првиот ден од муслиманскиот празник Курбан бајрам на кој пред централната џамија во Стокхолм беше уништена копија од светата муслиманска книга Куранот, Кристерсон порача:
„Мислам дека постојат многу луѓе кои имаат причина за размислување. Секако, целосно е неприфатливо лиѓе илегално да влегуваат во шведските амбасади во други земји. Исто така, мислам дека би требало да се вразумиме во Шведска. Ова е сериозна безбедносно-политичка ситуација и нема причина за навредување на другите луѓе“, вели шведскиот премиер.
Шедската полиција го обвини мажот кој го искина и го запали Куранот за агитација против етничка или национална група. Во новинско интервју, тој маж себеси се опишал како ирачки бегалец кој сака да го забрани Куранот во Шведска.