Кристијано Роналдо му ја должи кариерата на овој човек поради кој успеа во фудбалот, но никогаш не го заборави

Приказната која во една прилика ја раскажа светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го воодушеви цел свет.

„Морам да му се заблагодарам на мојот пријател Алберт Фантрау за мојот успех. Игравме заедно за младински клуб. Кога пристигнаа луѓето од Спортинг ни рекоа дека кој ќе даде повеќе голови ќе биде примен во нивната Академија. Тој натпревар го добивме со 3-0, јас го постигнав првиот гол, потоа Алберт уште еден со глава, а третиот беше гол кој ги импресионираше сите. Алберт тргна еден на еден со голманот.

Трчав до него, тој го заобиколи голманот, сè што требаше да направи беше само да ја внесе топката во празната мрежа. Но, тој ми додаде и јас постигнав гол. Ме примија на Академијата. “ – раскажа славниот голгетер.

По натпреварот, кога му пришол и го прашал „зошто“, Алберт одговорил; „Ти си подобар од мене“. Неколку години подоцна, новинар отишол во куќата на Алберт и прашал дали приказната е вистинита. Тој ја потврдил.

Кажал и дека кариерата како фудбалер му завршила по тој натпревар и сега е невработен. „Но, од каде имате толку прекрасна куќа, автомобил.. ? Изгледа сте богата личност. Го одржувате и вашето семејство……. од каде пари за сè?“ Алберт гордо одговорил „Тоа е од Кристијано.“.

ПОУКА: Никогаш не заборавајте на личноста која веруваше во вас и ви пружи рака на помош во животот.