Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во неделата објави дека по четврти пат станал татко, овојпат на девојченце Алана Мартина.
Девојченцето е родени во родилиштето во шпанската престолнина и е неговото прво дете со Георгина Родригез.
„Штотуку се роди Алана Мартина, мајката и ќерката се добро, сите сме пресреќни“, напиша на Twitter португалскиот фудбалер.
Покрај пораката објави и фотографија на којашто е заедно со новородената ќерка, седумгодишниот син Кристијан и Георгина.
Покрај нив, Роналдо ги има и близнаците Ева и Матео, кои се родени во јуни, исто како и седумгодишниот Кристијано, родени од сурогат мајка.