Кристијано Роналдо само полесно повреден

Причина плус за големата радост во клупската соблекувална на Реал (М), освен таа поради убедливиот триумф во првиот 1/4 финален дуел против Борусија од Дортмунд, е изјавата на предводникот на „кралскиот клуб”, Карло Анчелоти дека повредата која Кристијано Роналдо ја заработи во самиот финиш од натпреварот не е од посериозна природа.

„Станува збор за повреда на коленото. Не сакав да ризикувам, имавме убава предност и затоа го заменив пред да заврши натпреварот. Не станува збор за некоја посериозна повреда. Станува збор за непријатно чуство и за ништо повеќе. Сигурно ќе настапи на реванш дуелот во Германија. Што се однесува до натпреварот можам да кажам дека сум задоволен и од играта и однесувањето на моите фудбалери. Имавме одличен старт, но не ни беше лесно. Сега на ред е реванш дуелот во Дортмунд. Мора да бидеме внимателни во сите ситуации, Борусија Д. е тим кој заслужува максимален респект”, изјави трофејниот италијански стручњак.