Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи на претпоследната слаломска трка оваа сезона која во неделата се возеше во Крањска Гора.
Кристоферсен до втората победа сезонава, трета во кариерата, стигна со вкупно време од 1:41.26 минути. Второто место му припадна на Италијанецот Џулијано Рацоли кој зад победникот задоцни 24 стотинки, додека трет беше Матијас Харгин од Шведска.
Во пресрет на последните трки во сезоната лидер во генералниот пласман е Хришер со 1.208 бодови, а зад него е Норвежанецот Јансурд со 1.084. Во поредокот за слалом прв е Нојројтер со 540 бодови, а втор е Хиршер со 474.
Светскиот куп завршува наредната недела во францускиот Марибел, а првата трка на програмата е в четврток, кога најдобрите скијачи ќе се натпреваруват во супервелеслалом.