Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровскана, инфомираше дека е поведена постапка против советникот на министерот Наќе Чулев за инцидентот со началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, на изборниот ден на 15 јули.
Против државниот советник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.
Петровска на на нејзиниот Фејсбук профил објави дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандардипри МВР, ги завршило потребните проверки за настанот во Тетово, што се случи на 15 јули.
– Констатира дека постои основно сомнение дека полицискиот службеник државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став 1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ за пто протви него до ОЈО ГОКК – одделението за гонење на сторителите на кривични дела на лица со полициски овластувања, стои на ФБ профилот на Петровска.