МВР кривично ќе го гони полицискиот службеник Е.К вработен во Единицата за интервентна полиција бидејќи во април му помогнал на лице кое се барало со потерница да побегне од местото каде било лоцирано, опред да дојде полицијата.
Како што соопшти МВР полицискиот службеник од Единицата за интервентна полиција, на 23.04 годинава го известил лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.
Полицаецот се товари за кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“, по чл 353 ст.1 од Кривичниот законик.
Покрај ова поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е полиицаецот да биде отстранет од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка.