Дваесет и двегодишен тетовец заработи кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”. Тетовската полиција ја поднела пријавата, откако го истражувала случајот, кој во полициската станица бил пријавен во јули годинава.
Немилиот настан се случил на 11.07.2019 во дом на ул.„Илинденска” во Тетово. Пријавениот извршил обљуба врз петнаесетгодишно девојче.