Полицијата поднесе кривична пријава инспекторот вработен во Државниот пазарен инспекторат, бидејќи ја злоупотребил својата службена должност, информира Министерството за внатрешни работи.
Педесет и седумгодишниот Ѓ.Ц. од Скопје, во својство пазарен инспектор во Државниот пазарен инспекторат, бил должен да се грижи за законското исправно работење, а во предметниот случај особено во поглед на законско постапување по однос на Законот за потрошувачи, па доколку продавачот сервисира производ повеќе од три пати и истиот не може да се поправи, да му наложи на трговецот да го замени купениот производ на потрошувачот со нов производ или да му ги врати паричните средства во вредност на купениот производ.
Меѓутоа, пријавениот спротивно на законските прописи, а со намера да овозможи противправна имотна корист за потрошувачот Д.Ѓ., во периодот од 11-ти ноември минатата година до 17-ти овој месец ја злоупотребил својата службена положба и овластување со искористување и пречекорување на границите на своето службено овластување, при вршење инспекциски надзор во правно лице од Скопје и изготвил записник со кој му наложил на одговорното лице во фирмата да му го замени купениот производ на потрошувачот со нов, (исти таков лап-топ), а во спротивно ќе донел решение за затворање на објектот и изрекување парична казна-глоба, иако не биле исполнети условите за такво постапување.
Имено според документираните созјанија потрошувачот Д.Ѓ. имал купено лап-топ кој што поради технички проблеми два пати бил сервисиран. По третото сервисирање во овластениот сервис потрошувачот бил известен да си го подигне лап-топот во исправна состојба но тој не се одзвал на поканите. Наместо тоа тој поднел пријава до Државниот пазарен испекторат против трговецот.
Пријавениот Ѓ.Ц. постапувајќи по пријавата пристапил кон инспекциски надзор во правното лице на 11.11.2013 година и притоа, и го задолжил одговорното лице на фирмата, во врска со наводите во доставената пријава до Пазарната инспекција да достави писмено известување до Државната пазарна инспекција. Сепак и покрај известувањето дека согласно член 22 од Законот за потрошувачи не биле исполнети условите за замена на производот или обештетување на потрошувачот пријавениот во повеќе наврати инсистирал телефонски и лично, заканувајќи се со глоби кој одговорното лице на фирмата да постапат спротивно на член 22 од посочениот закон и да му ги вратат парите на потрочувачот, односно 25.990 денари колку што чинел спорниот лап топ.
Полицијата до основното јавно обвнителство го предаде Ѓ.Ц. од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.