Кривична за девојка од Неготино која на Фејсбук објавувала невистини

СВР Велес поднесе кривични пријави против Х.М.(28) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

На 15.01.2020 пријавената ги презела личните податоци на Б.Г.(59) од Неготино, по што на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавувала невистини за него и неговата сопруга.

Исто така, пријавената во текот на јануари 2021, незаконски ги прибавила личните податоци од Н.Ф.(48) од Неготино, ги употребила без нејзино знаење на социјалните мрежи, креирала лажен профил и објавувала невистини за неа.