Кривична за тетовци кои нападнаа полицаeц и му скршија нога на сограѓанин

Насилници од Тетово си заработија кривична пријава бидејќи натепаа сограѓанин, а потоа нападнаа и полицаец.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека против 51-годишниот Ќ.К. и 31-годишниот Б.З. од село Копачин Дол е поднесена кривична пријава бидејќи нападнале сограѓанин и полицаец.

Минатиот месец во кафеаната „Берлин“, Ќ.К. физички нападнал 41-годишно лице од Тетово нанесувајќи му  скршеница на ногата. Откако случајот е пријавен во полиција при обид да бидат приведени, Б.З. нападнал еден полициски службеник удирајќи му тупаници во градниот кош.