2.8 C
Skopje
понеделник, декември 23, 2024

Кривични пријави против сите обвинители од СЈО

Самовластие, злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност е основата врз која Светскиот Македонски Конгрес бара да бидат судени Катица Јснева и другите обвинители од СЈО.

Целото објаснување од СМК:

СЈО од основањето незаконски и недопуштено водел истраги и гонење бидејќи не ги превзел незаконските докази во законски утврдениот рок од 10 до 30 ноември 2015 година!

27 септември 2019 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денес поднесе кривични пријави против поранешниот специјален јавен обвинител Катица Јанева и дванаесетте поранешни јавни обвинители од Специјалното јавно обвинителство Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Донев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и злосторничко здружување, поради незаконска и недопуштена истрага и гонење врз основа на докази прибавени на незаконит начин кои во согласност со членот 12 од Законот за кривичната постапка не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука!

Заради остварување на законските овластувања на Специјалното јавно обвинителство, определено како единствено стварно и месно надлежно за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското и неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, Собранието на седницата одржана на 9 ноември 2015 година донесе Закон за заштита на приватноста, со којшто се ЗАБРАНУВА поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година во изборен процес, политички и други цели и постапки!

Во членот 2 од Законот за заштита на приватноста е утврдено дека “Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникациите е должен во рок од 20 дена од денот на влегувањето во сила на овој Закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно со Закон.“

Имајќи предвид дека Законот за заштита на приватноста, во “Службен весник на Република Македонија“ е објавен на 10 ноември 2015 година, а влезен во сила истиот ден, Специјалното јавно обвинителство можело да оствари надлежност и овластување врз основа на Законот за Специјалното јавно обвинителство, САМО доколку материјалите од незаконското следење на комуникациите, врз основа на Законот за заштита на приватноста, ги превземеше во периодот од 10 до 30 ноември 2015 година!

После 30 ноември 2015 година, материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година СЕ ЗАБРАНЕТИ и за самото Специјално јавно обвинителство, бидејќи подлежат на режимот од членот 12 од Законот за кривичната постапка: “Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука!“

За жал, Зоран Заев и СДСМ, материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ги “предадоа“ во Специјалното јавно обвинителство дури на 30 декември 2015 година, 30 дена подоцна од со закон утврдениот рок од 10 до 30 ноември 2015 година! Записник за примопредавањето на материјалите од незаконското следење на комуникациите, од Зоран Заев и СДСМ на Специјалното јавно обвинителство, досега не е презентиран во ниту една постапка пред судовите, прашање е дали постои и што воопшто Специјалното јавно обвинителство презеде од Зоран Заев и СДСМ на 30 декември 2015 година?!

Специјалното јавно обвинителство, иако морал да знае, не презел никакви дејствија за пронаоѓање и обезбедување на лицата (Зоран Заев како одговорно лице на СДСМ) и предметите (материјалите од незаконското следење на комуникациите) во рокот од 10 до 30 ноември 2015 година, што е основен услов за неговата работа!

Со непревземањето на дејствија во согласност со Законот за кривичната постапка за обезбедување на материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, во рокот од 10 до 30 ноември 2015 година, Специјалното јавно обвинителство самото си ги суспендирало овластувањата и надлежностите од Законот за Специјалното јавно обвинителство, со што Законот за Специјалното јавно обвинителство и овластувањата и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство во старт станале беспредметни односно неважечки!

Де факто и де јуре, Специјалното јавно обвинителство за цело време од неговото основање, со злоупотреба на службената должност, самовласно, незаконско нестручно и несовесно работење и злосторничко здружување, вршело незаконски истраги и поднесувало незаконски обвинителни акти до судовите, со незаконски стекнати докази, чие поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење во било какви постапки после 30 ноември 2015 година за сите, па и за Специјалното јавно обвинителство Е ЗАБРАНЕТО! Наместо да се пресмета со организираниот криминал, Специјалното јавно обвинителство прерасна во злосторничко здружение за организиран криминал и висока корупција, кое преку владината инсталација Боки-13, со рекетирање, а со цел ослободување од притвор и обвинение, изнудуваше пари од лица против кои Специјалното јавно обвинителство води истрага. СЈО послужи за уцени и изнудување на глас од пратениците со цел ослободување од кривично гонење, за промена на името на државата и идентитетот на нацијата со уставни амандмани!

Во Законот за заштита на приватноста, овој преклузивен рок е предвиден во функција, токму на заштитата на приватноста на граѓаните на Република Македонија, и потребата од итно предавање на материјалите од незаконито прислушкување на разговорите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, од тој што ги поседувал на надлежен обвинител, во рок од 20 дена од стапувањето во сила на овој Закон.

Впрочем, Собранието на 15 септември 2019 година поради незакоснко, нестручно и несовесно работење ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а не избра друг, иако Законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) важи до 15 септември 2020 година со можност за негово продолжување по една година.

И Венецијанската Комисија во своето Мислење број 829/2016 од 15 март 2016 година, наведува дека “поседувањето” на материјалите од незаконско следење на комуникациите извршено во периодот од 2008 до 2015 година, по 30 ноември 2015 е незаконито, што значи, од 01 декември 2015 година незаконито е превземањето на било кое од наброените дејствијата од надлежноста на СЈО и што е многу важно, забрането е дејствие на “располагање на кој било начин на материјалите од незаконско следење на комуникациите извршено во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење за други цели и постапки.”

Оттука произлегува дека материјалите што Специјалното јавно обвинителство ги прибавило од СДСМ на ден 30 декември 2015 година како незаконити докази, не се докази кои се прибавени во согласност со Законот за заштита на приватноста, доказите произлезени од истражувањето и вршењето на прегледот на сите достапни документарни докази од било кој извор не се произлезени во согласност со членот 5 од Законот за Специјалното јавно обвинителство, па во согласност со членот 12 став 2 од Законот за кривичната постапка, аудио снимките, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука!

Сите истраги и обвинителни акти на Специјалното јавно обвинителство од 15 септември 2015 година се незаконити и недопуштени!

Поради сето ова, СМК од Јавниот обвинител побара против поранешните јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство да поднесе обвинителен акт за сторени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување, Самовластие и Злосторничко здружување, и да предложи најстрога казна доживотен затвор, конфискација на личниот имот и имотот на членовите на нивните семејства, како и судска мерка забрана за вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои во времето додека биле носители на јавни функции ги сториле против државата и нацијата!

СМК оваа казна ја бара посебно заради фактот што разрешениот специјален јавен обвинител Катица Јанева и другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство, од 15 септември 2015 година до крајот на нивниот мандат, го оштетиле буџетот и даночните обврзници за околу 20 милиони евра расходи со незаконско и недопуштено работење!

СМК оваа казна ја бара и поради дополнителните последици кои можат да настанат по државниот буџет и даночните обврзници од незаконската и недопуштена работа на Специјалното јавно обвинителство од 15 септември 2015 година, ако во согласност со членот 13 од Законот за кривичната постапка, лицата незаконито лишени од слобода, притворени или незаконито осудени, побараат надоместок на штета од буџетот, рехабилитација и други права утврдени со закон!

Впрочем, Врховниот суд на Македонија веќе донесе правно мислење дека СЈО не е надлежно да застапува обвиненија по 30 јуни 2017, а начелно, неговото правно мислење е задолжително за Врховниот суд! Имено, доколку Кривичниот суд донесе пресуда за предмет од Специјалното јавно обвинителство отворен после рокот и осудениот се жали до Апелациониот суд, а потоа жалбата стигне и до Врховниот суд, тогаш Врховниот суд, заради донесеното мислење, ќе мора да ја укине пресудата, а државата да плати за предизвиканите материјални и други штети на незаконски осудените!