Кривична и притвор за Бугарка – извршила тешка кражба во Гевгелија

Кривична пријава е поднесена против 59- годишната бугарска државјанка Н.Г.Н. поради  постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На пријавената исто така и е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.

Пријавената во саботата во периодот од 11.40 до 12.15 часот во бутик за детска облека во центарот на Гевгелија извршила тешка кражба.

Искористувајќи го невниманието на вработеното лице, Н.Г.Н. извршила кражба на женски паричник во кој имало пари, лични документи и други работи.

По извршување на кражбата, пријавената го напуштила бутикот и со такси возило заминала на автобуската станица од каде со автобус заминала за Скопје.