Кривична за битолчани кои „оперирале“ по автомобили

Кривична пријава е поднесена против Ј.П. (25) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид кое го извршил заедно со лицето Р.М. (44) од Битола.

Првопријавениот во периодот од 02.07. до 16.07.2016 година во центарот на Битола извршил тешки кражби во патнички возила при што одземал патна исправа, сообраќајна дозвола, цигари и техничка стока причинувајќи вкупна материјална штета од 39.000 денари.

Исто така, како што информира МВР, на 02.07.2016 година, заедно со второпријавениот извршиле тешка кражба во обид во патничко возило „Џип“ при што предизвикале само материјална штета од 4.000 денари, но не одзеле ништо.