Кривични пријави за обид за убиство се поднесени против Л.О.(19) и неговиот 17-годишен брат од липковско Ропаљце. Двајцата браќа тешко ги повредиле своите братучеди, исто така браќа, по семејна расправија пред три дена.
Од полицијата информираат дека браќата Л.О. (19) и Љ.О. (17) при семејна расправија им нанеле убодни рани на своите братучеди, Х.О. (31) и Х.О. (29), исто така двајца браќа.
СВР Куманово, по расчистување на случајот, поднесе кривична пријава против браќата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”.