Против шеесет и едногодишниот Б.Д. од Битола, директор на ЈП Пазари-Битола е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на должноста.
Тој во својство на службено лице подолг период вршел издавање тезги под закуп, односно јавна површина која била имот од општа употреба овозможувајќи на повеќе лица да се стекнат со противправна имотна корист, притоа узурпирајќи туѓа недвижност.