Истражување: 85-мината најбогати „тежат“ колку 3,5 милиони сиромашни

Економската нееднаквост брзо се прошири во поголемиот дел од земјите во светот од почетокот на кризата, соопшти невладината Организација Оксфам во извештајот објавен пред одржување на Светскиот економски форум во Давос.

Скоро половина од светското богатство сега го поседува еден отсто од популацијата, се наведува во извештајот во кој што се додава дека 85 најбогати луѓе поседуваат онолку колку и половина најсиромашни во светот оносно околу 3,5 милиони луѓе во светот.

Најбогатите успеале да го зголемат својот приход во 24 од 26 земји за кои постојат расположливи податоци од 1980-та до 2012-та година.

Седумдесет отсто од најбогатите во светот живеат во земјите каде што економската нееднаквост е зголемена во последните 30 години, стои во извештајот.

Еден отсто од најбогатите кои живеат во Кина, Португалија и САД повеќе од двојно се зголемиле нивниот удел во националниот доход од 1980-та година.

Дури и во земјите со најголема еднаквост како што се Шведска и Норвешка, уделот во националниот доход  на најбогатите е зголемен за повеќе од 50 отсто.

Јазот во нееднаквоста е резултат на финансиската нерегуларност, неурамнотежен фискален систем како и законите кои што го олеснуваат одбегнувањето на даноци.

Растот на нееднаквоста во светот ја зголемија и мерките за штедење, неповолната политика на вработување во поглед на жените, конфискација на данокот од продажба на нафта и рудна експлоатација.

Во извештаите се нагласува дека постои врска меѓу економската екстремна нееднаквост и узурпирањето на политичка моќ од страна на богатата елита која што додела е на власт ги спроведува сопствените интереси.