![SVR Tetovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/SVR-Tetovo.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Вчера во 20 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(39) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 37-годишна сопруга дека се однесувал агресивно кон неа и ја оштетил покуќнината во семејниот дом.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.