Нобеловецот Пол Кругман смета дека е тешко да се каже зошто „биткоинот“ има вредност.
Кругман во текст за „Њујорк тајмс“ под името „Битовите и варварството“ наведува дека светот се наоѓа пред „монетарно назадување“.
Познатиот економист Кејнз златото го нарекол „варварска реликвија“, а Кругман вели дека нема многу разлика меѓу рудникот за злато во Папуа Нова Гвинеја и исландската фарма на комјутери, која решава математички формули за да „ископа“ биткоини.
„Биткоинот е дигитална валута која има вредност бидејќи…па тоа е тешко да се каже зошто, но моментално луѓето сакаат да ја имаат бидејќи веруваат дека и другите ќе сакаат да ја купат. Тоа е еден вид на виртуелно злато“, наведува нобеловецот.