Крушевчанец со секира нападнал чувар на шуми

Крушевчанец со секира нападнал чувар на шума и го спречил како службено лице да преземе службени дејствија по однос на констатираниот прекршок.

Бесправно пренесувал дрва

Крушевчанецот З.Р. вршел бесправен пренос на дрва на коњ
Крушевчанецот З.Р. вршел бесправен пренос на дрва на коњ

Како што информира МВР, во вторникот околу 11,00 часот во с.Врбоец-крушевско поточно пред дворното место од М.Д. пријавениот, 34- годишен крушевчанец З.Р. вршел бесправен пренос на околу 0,30 м3 зелени букови огревни дрва со добиток – коњ, а за тоа не поседувал соодветна документација.

Притоа , дрвокрадецот , бил забележан од страна на службеното лице-чувар на шуми,  вработен во ПСШ „Липа“ Крушево.

Пријавениот дрвата ги растоварил во дворот на М.Д. и веднаш со коњот излегол од дворот. Кога службеното лице го забележал, му укажал  дека со тоа дејствие сторил прекршок по Законот за шуми и дека ќе му поднесе соодветна пријава, соопшти МВР.

Со секира нападнал чувар на шуми

З.Р. најпрвин започнал да го навредува службеното лице, а потоа со дрвената рачка од секирата што ја држел во рацете го удрил еднаш во пределот на грбот, со што оштетениот бил спречен како службено лице да ги преземе службените дејствија во врска со констатираниот прекршок МВР.

Чуварот на шуми го оттурнал пријавениот од себе по што З.Р. го напуштил местото на настанот.