„Крушево абер пристигна” доби своја преработка од пејачката Стојне Николова

Песната “Крушево абер пристигна”, маестралното дело на нашата легенда, доајенот на македонската народна музика – Васка Илиева, доби своја преработка од пејачката Стојне Николова.

Аранжманот за преработката на песната е дело на Дамир Имери, а сценариото, режијата, директор на фотографија, специјалните видео ефекти ги изработи Даниел Јовески.

Продуцент Бобан Мојсовски / Мојсо Продукција

“Почитувани пријатели и фанови, чест ми е да Ви го претставам моето видео првенче за 2020. Крушево абер пристигна, маестралното дело на нашата легенда, доајенот на македонската народна музика – Васка Илиева. Песната буди силни емоции што значи маж во тело на жена бранејќи ја својата татковина. Се надевам дека ќе допре до сите Вас, како што допре до мене и целиот мој тим кој работеше на овој проект”, напиша на Фејсбук Стојне Николова.