Во петок, шестнаесетти мај ќе се одржи крводарителска акција во големата сала на општина Кисела Вода. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
И оваа година, мотото на крводарителската акција останува исто – Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!