Кинеските вооружени сили мора да га зајакнат чувството за итни ситуации и да сторат се’ што можат да се подготват за борба, изјави кинескиот претседаетл Кси Џинпинг на состанокот на военото раководство во петокот.
Кина сака да ги зајакне своите вооружени сили во заднината на територијалните спорови во Јужното Кинеско Море и јакнењето на тензиите со САД поради широкиот спектар прашања, од трговијата, територијалните спорови до статусот на Тајван.
Службената новинаска агенција Xinhua пренесе дека претседателот Кси Џинпинг на состанокот со воените челници рекол дека Кина се соочува со се’ поголеми ризици и предизвици, како и дека вооружените сили мора да работат на тоа да ја зацврстат безбедноста на земјата. Кси, кој исто така е претседател на централната воена комисија, рекол дека вооружените сило мора да развијат стратегија за новота ера и да ја преземат одговорноста за подготовка и за водење војна.
„Светот се соочува со периодот на големите промени какви што немаше последните сто години, и Кина е уште во важниот период на стратешките можности за развој“, истакнал кинескиот претседател. Кси додал дека вооружените сили мора да бидат способни брзо да одговорат во итни ситуации, да ги зајакнат капацитетите за заеднички операции и да развиваат нови типови борбени сили.
Коментарите на кинескиот претседател следат по неговите забелешки во средата дека Кина се’ уште го задржува правото на употреба на сила за да го постигне „повторното обединување“ со Тајван и да ја спречи неговата независност. Пекинг овој остров го смета за своја отцепена провинција.