КСС против новиот Закон за административни службеници

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара од претседателот на Собранието Јован Митрески да ја повлече точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денеска.

„Во изминатиот период се обративме до сите пратенички групи со јасни забелешки околу предлог законот, кој што нема ништо европски, туку има само за цел работниците во јавниот сектор да останат покуси за усогласувањето на минималната палата во март, согласно Законот за минимална плата.

Одредбите од овој закон, кои што би требало да важат од 01. јануари 2025 година, а само една одредба која што ја отстранува минималната плата од платата на вработените во јавниот сектор важи од сега, јасно покажува дека во вакви тешки моменти со енормната инфлација и поскапувањата кои ги имаме е само антиработнички, но никако не и европски.

Предлагач на овој закон е Владата и претходниот министер за информатичко општество и администрација, а согласно Законот за работни односи, како закон од трудовата легислатива кој има круцијално значење за работниците, има обврска да помине на седница на Економско – социјалниот совет со заклучок, а воедно и да се отвори јавна дебата.

КСС го извести претседателот на Собранието и сите пратенички групи дека доколку се инсистира и се донесе овој закон ќе бидат известени не само сите амбасади, туку и Европската комисија преку нашите конфедерации во кои членуваме, Европската конфедерација на синдикати и Светската конфедерација на синдикати дека во Македонија драстично се кршат работничките права со злоупотреба на европското знаменце“ – се вели во соопштението на КСС.