Кубанската амбасада во Париз соопшти во вторникот дека нивната зграда била нападната со молотеви коктели, што предизвикало сериозна материјална штета, но дипломатскиот персонал не е повреден.
Абасадата на својот официјален акаунт на Twitter објави форографии од оштетувањата на зградата на дипломатската мисија и го осуди нападот. Не е објавено кој се сомничи дека стои зад нападот.
„Директно одговорни за овие дела кои поттикнуваат насилство и омраза против нашата земја“, објави куманското министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.
Портпаролот на француската полиција немал директен коментар за Reuters во врска со нападот.
Куна пред две седмици беше потресена од протести без преседан поради длабоката економска криза предизвикана од децениските санкции од страна на САД и блокадите, како и поради лошото владино справување со пандемијата на коронавирусот и ограничувањата на граѓанските слободи.
На тоа владата водена од Комунистичката партија на Куба одговори со ограничување на пристапот до социјалните мрежи и платформите за размени на пораки, обвинувајќи го Вашингтон дека стои зад организирање и поттокнување на протестит.
Министрите за надворешни работи на САД и 20 други сојузнички земји ги осудија во понеделникот масовните апсењеа на Кубна и повикаа на целосно враќање на пристапност до интернет.