Белгискиот овчар Хурикејн , кој го одбранил Барак Обама, поранешниот претседател на САД, од натрапник во Белата куќа ќе биде одликуван со Орден за заслуги.
Орденот на храброто куче го доделува британската ветеринарна хуманитарна органзиација ПДСА. Кучето Хурикејн е прво животно од странство кое ќе го добие ова британско одликување на церемонија во Лондон во октомври годинава.
Натрапникот го нападнал кучето, го шутирал и ударал, но кучето го соборило на земја, така што им дал време на агентите на тајната служба да го фатат.
Благодарејќи на кучето, Обама кој бил во Белата куќа, поминал неповреден.