Кулеба: Три чекори за враќање на Крим

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба ја објасни стратегијата во три чекори на украинските власти за „враќање“ на Крим.

Кулеба рече дека за оваа тема разговарал со претставникот на претседателот на Крим, Антон Кореневич и дека со него развива „стратегија, концепт и визија за окупираниот Крим“.

– Првата задача е како да се задржи окупираниот Крим на стратешката агенда за да не се заборави ова прашање. Втората е како да се обезбеди ефективноста на санкциите против Крим. Трето, какви дополнителни меѓународни инструменти можеме да искористиме за да извршиме притисок врз Русија, рече Кулеба.

Тој додаде дека има неколку други задачи, од кои едната е стратешка, а тоа е „како Крим ќе се врати на Украина“.

-Апсолутно сум убеден дека тоа ќе се случи. Тоа не е дипломатска фантазија, туку целосно прагматична пресметка, рече Кулеба, додавајќи дека тимот на украинското Министерство за надворешни работи и другите институции на земјата постојано работат на тој план.