Репрезентацијата на Шведска се соочува со проблеми на само неколку дена пред почетокот на Европското првенство, откако фудбалерот со македонско потекло, Дејан Колушевски, имал позитивен тест на ковид-19.
Тој сега се наоѓа во самоизолација, а Шведска соопшти дека нема да повика фудбалер кој ќе го заменува Кулушевски.
Шведската репрезентација на ЕУРО 2020 првиот меч го игра против Шпанија на 14 јуни, а се наоѓа во група уште со Словачка и Полска.