Голем број кумановци од утрото се потпишуваат за независната кандидатура на актуелниот градоначаланик на Куманово Максим Димитриевски.
Тој денеска ја достави својата кандидатура до ДИК и најави прес-конференција на која ќе информира за начинот на собирање потписи.
Димитриевски одлучи да се кандидира за независен кандидат, откако СДСМ ја остави кандидатурата за градоначалник на Куманово за последен моемнт, бидејќи, како што тврдат извори од партијата, министерот за внатрешни работи не се согласува Димитриевски повторно да се кандидира за Куманово.
На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.