Кумановци приведени на Пелинце поради поседување наркотици

Во неделата утрото во 04.00 часот во Меморијалниот центар во селото Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К. на 29 и А.П. на 22 години, двајцата од Куманово.

Од МВР потенцираа дека кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети. Двајцата, Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.