Кумановец се претставувал како припадник на „Илирида“ и изнудувал пари

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична бидејќи со нож му нанел исекотини на сограѓанин
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Кривична пријава е поднесена против А.З.(47) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Како што информираат од МВР, пријавениот, во текот на 2014-та година од неговиот мобилен телефон во повеќе наврати остварил контакти и испраќал пораки со заканувачка содржина на М.М. од општина Липково.

Тој се претставувал како припадник на т.н. паравоена формација „Илирида“ барајќи како помош 3.000 евра, воедно упатувајќи му закани по личната безбедност.