Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови во Македонија. Зоран Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето.
Овие два града вечерва повторно се гушат во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 5 пати над нормалата.
Мерната станица во Куманово бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 271 микрограми на метар кубен што е многу повеќе од дозволената граница, загаденоста во Струмица пак, 252 микрограми на метар кубен.