Куманово: Повторно со најзагаден воздух, снегот ја парализираше општината

куманово

Загадувањето утрово изнесува 81 мг/м3, што е повеќе од максимално дозволената граница од 50 мг/м3. На тој начин, Куманово повторно е убедливо најзагадениот град во Македонија.

kumaniovo81

Исто така, има големи проблеми со движењето по улиците и патиштата, особено во неколку населби во градот и селата во општината.

vlcsnap-error890

Улиците не се исчистени од снегот во населбите Перо Чичо, Карпош, Доброшане, Зелен Рид, Ајдучка Чешма и други населби.

vlcsnap-error371

Големи проблеми со снегот има во населените места Клечовце, Пчиња, Романовце, Умин Дол, Горно Коњаре, Орашац, Табановце, Сопот и Агино Село.

slikis

Секојдневното загадување и колапсот во општината поради снегот ја откриваат неспособноста на локалната власт предводена од СДСМ, каде што оваа партија диктаторски владее веќе 26 години.