Кумашинот на Рашковски кој Заев го постави за директор на Бирото за јавни набавки вмешан во организиран криминал, јавуваат српски медиуми

Во јануари 2019 година, воен разузнавач ја основа компанијата „Феникс МС Муниција“ во Скопје, во партнерство со државјанин на Република Македонија и истоимена романска компанија која се занимава со производство на муниција од мал калибар, пишува српски Крик.

За директор на фирмата е назначен Ѓорѓија Ѓеоргиевски, поранешен директор на Бирото за јавни набавки во Република Македонија, а во исто време и кумашин на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Георгиевски беше назначен на оваа јавна позиција од Владата на премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Македонија е исто така место на една од средбите меѓу Вујисиќ и обвинетиот нарко бос Предраг Колувија, кому му се суди за одгледување марихуана на имотот на неговата компанија „Јовањица“ под маската за производство на органски зеленчук и индустриски коноп.

Колувија го нарекувала Вујисиќ со прекарот Сова, според пораките од телефонот на обвинетиот шеф на наркотици, на кои обвинителството наиде за време на истрагата.

ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година обвини дека Рашковски преку Владата наСДСМ се поим за непотизам и дека државата ја претвориле во приватна фирма.

-Рашковски преку владата на СДС им дели државни функции на членовите на неговото потесно семејство, претворајќи ја државата во приватна фирма на семејството Рашковски. Рашковски за директор на Бирото за јавни набавки, го назначи својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски, од Кочани, што покажува дека непотизмот во владата на СДС е начин на работа, а не исклучок., обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.