Кумуцакос: Mора да се најде решение за прашањето за името

Кумуцакос: Mора да се најде решение за прашањето за името
Кумуцакос: Mора да се најде решение за прашањето за името

Мора да се најде решение за прашањето за името, изјави Јоргос Кумуцакос, кандидат за пратеник на Нова демократија и поранешен европратеник, обајви МИА.

На предизборен настан во Атина, Кумуцакос, кој е шеф на одделот за надворешна политика на Нова демократија, зборуваше за приоритетите на грчката дипломатија и за начините на кои неговата партија би ја водела грчката надворешна политика доколку дојде на власт по изборите на 20 септември.

Тој нагласи дека главните отворени прашања со кои грчката надворешна политика се соочува со декади, се „проблематичните“ односи со Турција, кипарското прашање и „прашањето за името на Скопје“.

Мора да се најде решение за овие прашања. И Нова демократија ќе работи за постигнување на оваа цел со целосна гаранција за националните интереси – нагласи Кумуцакос.