Пратеникот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, истакна во вторникот дека предуслов за решавање на спорот за името е промената на македонскиот устав, пренесува грчкиот портал Ифимерида.
„Неопходен предуслов и фундаментална гаранција за дефинитивно решавање на прашањето за името со Скопје е промена на нивниот устав” , вели опозицискиот политичар.
Според Комуцакос неопходно е промената на македонскиот устав да се случи пред ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.
„Промена која не само што ќе се предвиди, туку ќе биде направена пред ратификацијата на кој било договор”, рече пратеникот на опозициската Нова Демократија.
Комуцакос е дел од грчкиот парламент и во својата партија е задолжен за надворешна политика.