Бројот на хоспитализирани лица од Ковид-19 во Њујорк во моментов е најнизок во изминатите шест недели, затоа што сфативме како да ја контролираме ѕверката, коронавирусот, изјави денеска гувернерот на американска сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, пренесуваат британските медиуми.
Според гувернерот, бројот на хоспитализирани вчера се намали на 8.196 лица, во однос на 8.665 во минатиот четврток.
Тоа е најмала бројка на хоспитализирани уште од 27 март, дополнуваат британските медиуми.