Со жрепка се дознаа паровите од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија, а натпреварите ќе се играат на 9 ноември со почеток од 13.00 часот.
Се очекува најинтересно да биде на дуелот помеѓу тетовска Шкендија и актуелниот шампион во првенството, Шкупи.
Бранителот на куп трофејот од минатата натпреварувачка сезона Македонија ЃП ќе ги одмери силите против Академија Пандев.
Ланскиот финалист Силекс ќе се соочи со единствениот второлигаш во оваа конкуренција, екипата на Вардар.
И на последната пресметка штипска Брегалница за противник го доби моментно водечкиот во шампионатот, Струга Трим Љум.
Куп на Македонија 2022/2023
Четвртфинале, двојки –
Македонија ЃП – Академија Пандев
Силекс – Вардар
Струга Трим Љум – Брегалница
Шкупи – Шкендија