Тренерот на „Далас“, Рик Карлајл е воодушевен од тоа што младиот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ го прикажува од пристигнувањето во Тексас, па ги покани фановите да не ги пропуштат неговите први натпревари во НБА лигата.
Поранешниот крилен кошаркар на „Реал Мадрид“ и на репрезентацијата на Словенија го импресионирал Карлајл во кампот за обука, па сега во Далас со голема возбуда се очекува неговото деби во најсилната кошаркарска лига во светот.
Од она што сум го видел во последните два дена можам да кажам дека секој што нема сега да купи сезонски билет сигурно жестоко ќе жали подоцна, тоа е се што ќе кажам, изјави Карлајл.
Дончиќ по годличните игри за „Реал Мадрид“ од 2015 година до крајот на минатата сезона одлучи да се пресели во НБА и беше треторангиран на првиот круг од годинешниот драфт. Словенецот го избра „Атланта“, но тој веднаш беше трејдуван во „Далас“ каде што во него гледаат замена за ветеранот од Германија, Дирк Новицки, кој ќе игра и во новата, најверојатно негова последна сезона.