Американецот Џим Невард сакал да ја израдува својата сопруга за Божик со подарок за нов ајпод, но во кутијата која жената ја отворила имало само една гума за бришење. Кога го вратил ајподот во продавницата и го заменил со друг, открил дека повторно добил кутија полна со гуми за бришење.
„Кога мојата жена ја отвори кутијата, во нејзе имаше пет уредно наместени гуми. Ја вратив кутијата во продавницата за да се пожалам, па веднаш ми дадоа нов“, рекол Џим.
Сепак, тука не е крај на неговите непријатни изненадувања. Наместо кутијата да ја отвори на лице место, кога се вратил дома видел дека во рацете повторно има уште една кутија ајпод полна со гуми за бришење, овој пат во други бои.
Дури третиот пат доби вистински ајпод.