Ј.Д. во април 2016 година купил 130 јагниња од С.М. (40) од село Конопница, Крива Паланка, за кои требало да плати 141.700 денари, но преку правното лице „Мелани Компани“ ДООЕЛ Куманово на трансакциска сметка префрлил само 90.000 денари. Останатите 51.700 денари до денот на поднесување на пријавата не ги префрлил.
Оштетениот С.М. не добил ниту каква било компензација во средства или храна.