
Дваесетгодишниот Н.Ц. од Крива Паланка доби кривична пријава поради фалсификување на пари.
Тој за време на „Пиво Фест 2014“ во Прилеп поседувал три фалсификувани банкноти од по 100 евра, а со едната купил и пијалок од штандовите. Кусурот му бил вратен во денари. При обидот да пушти во оптек уште една банкнота, бил забележан и спречен во намерата.
Полицијата му ги одзела трите фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра и денарите кои како кусур му биле вратени.