Распределбата на нелегалните мигранти во Европа „нема да оди“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во ексклузивното интервју за агенцијата AFP објавено во вторникот, во престрет на претставувањето на големиот проект за реформа на системот за азил на Европската комисија.
„Ние сметаме дека распределбата (на мигрантите по квоти – з.р.) во Европа не успеа и дека многу држави ја одбиваат“, изјави Курц алудирајќи во прв ред на земјите членки на Европската унија од центарална Европа кои одбиваат да ги прифатат мигрантите кои пристигнаа изминатите години во Грција и во Италија.
„Тоа нема да оди така, туку со подбра заштита на надворешните граници, со заедничката борба против криумчарите на луѓе и со испраќање помош“, вели шефот на австриската влада.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го предложи укинување на Даблинската уредба, на оспоруваната основа на политиката на азилот за ЕУ. Според оваа уредба, барањето на азилот го обработува првата земја во ЕУ во којашто мигрантот влегол.
„Доколку ги зголемиле своите напори (на европско ниво), очекуваме дека и државите членки ќе ги започнат своите напори“, изјави фон дер Лејен.
Кога станува збор за стопанствата, Австрија се спротистави на планот за закрепнување кој летово го предложија Франција и Германија. Со Холандија, владата го презема водството на коалицијата на таканаречените „штедливи“ земји коишто францускиот претседател Емануел Макрон ги критикуваше како „себични“.
На крајот Австрија даде зелено светло за планот, по преговорите за намалувањето на својот финансиски придонес.
„Не станува збор за тоа да бидеме против некого, но Еропската унија е повеќе од Германија и Франција, и тоа е добра работа“, рече Себастијан Курц.